СДСМ со теренски активности и трибина „Најдоброто за мојата општина“ во Гостивар
Гостивар, 20 јуни 2021 (МИА) Двајцата потпретседатели, Венко Филипче и Оливер Спасовски и членови на потесното раководство ан СДСМ, денес имаа теренски активности и учествуваа на граѓанската трибина „Најдоброто за мојата општина“ која се организираше во Гостивар.
Потпретседателот на СДСМ и министер за здравство, Филипче во обраќањето посебно се осврна на постигнатото во сферата на здравството и поплитките кои се спроведени во изминативе четири години.
– Носењето на одлуки беше инкулизивно во соработка со здруженијата на пациенти, специјализанти, лекари и граѓаните што даде резултат. Интензивно работевме да донесеме квалитетни лекови во земјава. Така е со инсулинот и лековите за пациентите со ретки болести за сите има соодветна терапија. Минатата година покажавме што е добар менаџмент во услови на пандемија, наспроти лагите кои нашиот политички опонент ги ширеше. Додека ние не спиевме за да ја менаџираме кризата, тие се будеа со идејата како политички да профитираат. Лажеа за состојбата во Дебар, дека нема тестови, дека нема лекови, дека нема доволно болнички места, ги делеа докторите на наши и ваши, и последното се впуштија во ширење на лажна вест дека вакцините немаат никаков ефект, рече Филипче.
Потпретседателот на партијата и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски зборуваше за концептот кој СДСМ како партија почна да го воведува пред доаѓањето на власт и го спроведува во општественото живеење, кој како што напомена, граѓаните го препознале и даваат поддршка.
– Гостивар е најдобриот пример за концептот што го спроведуваме изминативе четири години. Докажавме дека со тој концепт „Едно општество за сите“ се оди напред и секој е свој на своето. Со тој концепт секој учествува во носењето на одлуки, нагласи Спасовски
Тој се осврна на најавите на опозициската политичка партија ВМРО ДПМНЕ дека ќе понудат нови бои и нов концепт и дека ќе ги сменат приоритетите на делување и нагласи дека ниедна боја нема да ги покрие украдените 11 милијарди евра од претходното раководство.
На трибината која се организираше на помошниот фудбалски терен во населбата Дутлок, зборуваа и пратеничката Фаница Николоска и Хилал Беќири, членка на Извршниот одбор на ОО СДСМ Врапчиште кои рекоа дека како партија го имаат најдоброто за секоја општина, потсетувајќи на досега сработеното и најавија дека на претстојните локални избори оваа партија е убедлив фаворит. згм
Коментарите се затворени.