Приведени четири помлади лица, полицијата им нашла дрога

Гостивар, 2 јули 2021 Четири помлади лица од кои двајца малолетници се приведени во полициска станица, откако кај нив при претрес била пронајдена марихуана.

Од МВР информираат дека синоќа (01.07.2021) нешто пред полноќ во 23.50 часот, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција Гостивар на улицата „Карагач“ во Гостивар ги лишиле од слобода се М.Д.(19) од Гостивар, Ј.М.(20) од селото Речане и двајца малолетници на возраст од 16 и 17 години од Гостивар. При извршениот претрес кај нив била пронајдена извесна количина на марихуана.

Лицата се приведени во Полициска станица Гостивар за понатамошна постапка. Од МВР најавуваат дека по документирање на случајот против нив ќе биде изготвена соодветна пријава.

згм

Коментарите се затворени.