Повторно отворена канцеларијата за иселениците

Гостивар, 5 јуни 2021 (МИА) Општинската администрација до крајот на летото ќе им помага на граѓаните околу приемот на документи и ќе дава совети за комунални прашања. Од денес во Центарот за општински услуги што се наоѓа на приземјето на општинската зграда ќе функционира посебна канцеларија по едношалтерски систем. Работното време ќе биде продолжено и канцеларијата ќе биде отворена до 18:00 часот.

Од Општина Гостивар информираа дека по повод доаѓањето на печалбарите во родниот повторно ја става во функција Канцеларијата за иселениците.

– Очекуваме оваа година бројот на иселеници кои ќе дојдат во родниот крај да биде значително поголем, затоа им посакуваме пријатен престој, повикувајќи ги сите граѓани да ги почитуваат препораките за заштита од КОВИД-19!

Локалната самоуправа со отворањето на оваа канцеларија на печалбарите им овозможува подобро информирање за услугите и до кои институции да се обратат. Канцеларијата изминативе години се отвора, во летниот период и околу новогодишните празници.

з. г. м.

Коментарите се затворени.