Даниел Браун првиот човек на фондацијата „Конрад Аденауер“ во посета на Гостивар
Гостивар, 15 јули 2021 Даниел Браун првиот човек на фондацијата Конрад Аденауер во Македонија оствари средби со градоначалникот Арбен Таравари и претставници на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ. По средбата немаше конкретна потврда за коалицирање на локално ниво за претстојните избори. На средбата било разговарано за предизвиците со кои се соочува локалната самоуправа, проектите реализирани во изминатиот период, локалните избори и продлабочувањето на досегашната соработка.
Таравари напомена дека оваа средба е втора меѓу нив, првата била како генерален секретар на секретар на политичката партија Алијанса на Албанците, а овој пат како градоначалник општина Гостивар.
На средбата претходеше кус состанок на Браун со претставници на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Гостивар. Тоа ги заинтересира новинарите кои по средбата прашаа дали оваа со посета е во својство на посредник помеѓу политичките партии во пресрет на локалните избори во Гостивар и евентуална соработка помеѓу АА и ВМРО-ДПМНЕ. Таравари го повтори ставот дека како политичка партија се отворени за соработка со сите политички субјекти, како и со македонската опозициска партија.
Даниел Браун во изјавата нагласи дека не сака да коментира за локалните избори, а потенцира дека неговата посета на Гостивар е да се запознае одблизу што прави локалната самоуправа и проблемите со кои се соочува. Браун не одби да го коментира и зачленувањето на Алијанса за албанците во Европската народна партија.
Посетата на првиот човек на фондацијата Конрад Аденауер во Македонија заврши со посета на новиот спортско рекреативен центар на брегот на Вардар општинското средно техничко училиште и Младинскиот центар „iCan“.
згм
Коментарите се затворени.