Осумнаесет годишник осомничен за обљуба врз малолетна роднина

Гостивар, 16 јули 2021 Осумнаесет годишник од гостиварско е задржан во полиција и изведен пред надлежен судија под сомнение дека сексуално злоупотребил малолетна девојка.

Според информациите од СВР Тетово, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гостивар вчера (15 јули) во 17 часот и 30 минути го лишиле од слобода А.Е. 18-годишен жител на гостиварско село. Тој се сомничи дека дента околу 14 часот и 30 минути во селото извршил обљуба врз малолетничка, која му била роднина.

По пријавувањето, А. Е. е задржан во Полициската станица Гостивар и со соодветен поднесок денес (16 јули) ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар.

згм

Коментарите се затворени.