Промовирана услугата „бесплатна правна помош“
Гостивар, 23 јули 2021 Заменик министерот Агим Нухиу и државниот секретар за правда Мухамед Точи беа дел од карванот кој на граѓаните од регионот Гостивар што ги претстави погодностите кои државата ги нуди со бесплатната правна помош, мерка определена со закон.
Нухиу и Точи, пред зградата во која е сместена подрачната единица на министерството за правда во Гостивар имаа средба со вработените, претставници на невладиониот сектор и граѓани. На неа, заменик министерот Нухиу појасни дека со новиот закон за бесплатна правна помош кој е на сила од октомври 2019 година државата ги покрива сите трошоци поврзани со обезбедувањето на правната помош.
Ова, како што рече, било пречка за многумина да добијат правна заштита и тоа само заради дополнителните трошоци за судски такси, вештачења и слично. Тој потенцира пречката е отстранета, а од почетокот на спроведувањето на законот, за помош се обратиле близу три илјади граѓани.
Државниот секретар Мухамед Точи посочи дека граѓаните ќе може да ги користат и услугите на невладини организации и здруженија кои се лиценцирани за давање на правна помош. Досега, како што рече, со вакви проблеми најчесто се соочуваат сиромашните граѓани и припадниците на различни категории на маргинализирани заедници, како Ромите, самохраните родители, жртвите на семејно насилство и лицата со попреченост.
Преку системот за бесплатна правна помош се гарантира дека граѓаните кои се во тешка финансиска состојба можат да се обратат до Министерството за правда, до неговите подрачни единици и до граѓанските организации и да побараат да им се даде правна помош или да им се обезбеди адвокат кој ќе биде платен од буџетот на Министерството.
Во истражувањето на Коалицијата „Сите за правично судење“ презентирано неодамна (јуни 2021) од мониторирани 1.200 судски постапки само во 1 отсто од нив судовите донеле одлука за ослободување на некоја од странките од трошоците на постапката за лица кои се во неповолна финансиска состојба.
згм
Коментарите се затворени.