Мотоциклист тешко повреден на магистралата Кичево-Гостивар
Гостивар, 26 јули 2021 Едно лице е тешко повредено, а друго поминало полесни повреди откако мотоциклот со кој се превезувале изгубил контрола и удрил во заштитната ограда.
Според информацијата на Фљака.мк несреќата се случила околу 21:30 часот на магистралниот патен правец Кичево-Гостивар во близина на каменоломите. Причините кои довеле до несреќата сè уште не се познати. Од првичните информации се знае дека мотоциклот се движел во правец кон Гостивар. Возачот, кој е од Тетово се здобил со телесни повреди, но е надвор од животна опасност. Екипа на гостиварската Брза помош пристигнала на местото на настанот и го пренела во гостиварската болница.
Додека траеше увид, полициска екипа го регулирала сообраќајот на оваа делница. Совозачот поминал без посериозни повреди.
Фотографијата е сопственост на Фљака.мк
Коментарите се затворени.