Гостивар 31 јули 2021 Со настапите на Суперхикс, Стоунед Хејџ, Дина Јашари и диџеј Мето, синоќа беше заокружена втората фестивалска вечер од The Park Festival, музичка манифестација која се организира во Гостивар.
Четирите концерти се одржаа во градскиот парк, на големата сцена, додека на малата сцена свои сетови имаа Мврик, Кас и Андеј Мицајков. На претходната фестивалска вечер настапија и Астрид Стафа, Бесарта Муртезани, Шкелзен Бафтијари, Дуо Гитар и Јон Иди.
За вечерва се закажан настапите на Дафина Зеќири, Офкестара, Нита Речи и Јанг Би. На последната вечер на 1 август ќе настапат и Елита 5, Зани бенд и ди џејот Инер Нојз .
За време одржување на фестивалот, пред вчерните термини во летниот театар на десниот брег на Вардар се организираат изложби, работилници и перформанси на млади артисти.
The Park Festival го организира продукцијата Ин Бокс Ентертејтмент и финансиски е поддржан од Министерството за култура и општина Гостивар.
Коментарите се затворени.