Конечно одлука: Угостителите добија два часа продолжено работно време
Гостивар, 31 јули 2021 Општинските власти објавија дека угостителските објекти може да работат два часа повеќе. Продолженото работно време ќе важи за тринаесет денови во август.
Предлогот за продолжување на работното време го најави градоначалникот Арбен Тарвари уште во понеделникот и искажа оптимизам дека членовите на советот на општина Гостивар ќе го поддржат.
Со оглед дека седницата на советот на општина имаше многу точки и не бевме во можност да го проследиме исходот, конечно успеавме да дојдеме до документот, односно одлуката која го определува работното време.
Според наведеното во одлуката, денови во кои рестораните, пицериите, кафулињата, ноќните клубови и другите угостителски објекти кои се наоѓаат на територијата на Општина Гостивар ќе може да работат два часа подолго во следните денови: 1, 3, 4, 5, 7, 8, 9,11,12,13,15,16 и 17 август 2021 година.
За одлуката за продолжување на работното време на угостителските објекти
информираше и локалната самоуправа на официјалната страница.
За детаљите, кој локал и како може да работи два часа над вообичаено, прочитајте во копиите во документот што го споделуваме.
Коментарите се затворени.