Препораки за да се издржи на жешкото време
Гостивар, 4 август 2021 Со оглед на најавата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХРМ) дека во текот на следните два дена (од 4-5.08.2021 година – среда до четврток), целата територија на државата ќе биде зафатена со температури од портокалова (алертна) фаза ви ги пренесуваме препораките од Министерството за здравство.
За заштита од последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението, потребно е да се почитуваат општите мерки за заштита на здравјето:
-Ослободување од работните обврски на најранливите групи на населението, вклучувајќи ги бремените жени и лицата на возраст над 60 години.
-Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикуваат физички активности и да не се изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот.
-Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст на РСМ и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да имаат поактивен пристап и да пружат помош на осамени, стари и изнемоштени лица и бездомници.
-Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.
Потсетуваме дека населението во целиот летен период практикувајте
– престој во затворени простории (пред се климатизирани), почести одмори под сенка.
-Да се носи светла и лесна облека
-Да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку масна храна.
– Пијте вода, да се избегнуваат алкохолните пијалаци.
-При влегување во возило, претходно да се проветри.
Комисијата за следење на ефектите од високите температури при Министерството за здравство во континуитет ја следи состојбата и по потреба ќе предлага мерки и активности за минимизирање на евентуални штетни ефекти од високите температури.
Коментарите се затворени.