Петмина уапсени за поседување на дрога
таница. Во две одовени полициска контрола, кај нив била најдена марихуана и кокаин.
Според СВР Тетово, вчера попладне (09.08.2021 година) во 15.40 часот на регионалниот пат Гостивар-Маврови Анови, во близина на местото викано „Бунец“, лишени од слобода биле Џ.К.(26) и Б.Х.(26), двајцата од гостиварско Врапчиште. При контрола во патничко возило „сеат ибица“ во кое се превезувале, биле пронајдени марихуана и ризла.
Во вториот случај по извршена контрола некаде два часа по полноќ (10.08.2021 година во 02.00 часот), полициски службеници од ОВР Гостивар, ги лишиле од слобода лицата Б.А.(32) од Гостивар, И.Ф.(27) од гостиварска Горна Бањица и С.Ф.(33) од гостиварско Беловиште. Тие се здржани во полициска станица затоа што кај нив бил пронајден кокаин.
По целосно расчистување и документирање на случајите, против овие лица ќе биде поднесена соодветна пријава.
Коментарите се затворени.