Уште еден ден. Конкурсот за пријавување попишувачи и инструктори завршува утре
Гостивар, 11 август 2021 Јавниот конкурс за ангажирање реонски попишувачи и инструктори за претстојниот Попис на населението, домаќинствата и становите завршува утре.
Државниот завод за статистика упати јавен повик до сите заинтересирани да се пријават на електронската апликација на:
www.stat.gov.mk и
Кандидатите кои ќе достават електронска пријава, потребните документи треба да ги доставуваат исклучиво во хартиена форма по пошта до Државниот завод за статистика, најдоцна до 16 август 2021 година на адреса:
ул. „Даме Груев“ бр.4 Скопје, п.фах 506,
Документите може да се приложат и денот на закажаното тестирање во просториите каде што ќе се спроведе тестирањето.
Конкурсот за пријавување попишувачи и инструктори беше објавен на 20 јули и првично требаше да трае до 5 август, но поради летните одмори беше продолжен до 12 август.
Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија ќе се одржи од 5 септември до 30 септември 2021 година.
Во тек е електронското самопопишување на државјаните на Република Северна Македонија кои се на привремена работа или престој во странство. Досега, според податоците објавени на веб страницата на ДЗС, преку апликацијата за самопопишување се евидентирани вкупно 190 359 лица од дијаспората. Самопопишувањето на македонските државјани во странство ќе трае до 30 септември, кога завршува Пописот на Пописот на населението, домаќинствата и становите.
Коментарите се затворени.