Четири лица позитивни на ковид излегле од самоизолација и отпатувале во странство
Гостивар, 11 август 2021 Полицијата ќе поднесе соодветни пријави до четири лица од гостиварско кои ја напуштиле државата, а имале решенија за самозилоација заради позитивни резултати на ковид тест.
Од СВР Тетово информираат дека во текот на вчерашниот ден (10.08.2021), при вршење контрола на лица кои се во домашна самоизолација во гостиварско било утврдено дека З.Б.(33) од Чегране, позитивна на Ковид-19, не била дома и ја напуштила државата.
Во контролите утвдено е дека Х.С (32) од гостиварското село Корито, кој имал позитивен тест на Ковид 19, не бил дома и ја напуштил државата. Полициските служебеници утврдиле уште дека В.Ш.(52) од истото село, позитивна на Ковид-19, ја напуштила државата и А.Ш.(22) позитивен на Ковид 19, ја напуштил државата.
Од СВР Тетово најавуваат дека по целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Коментарите се затворени.