Гостиварецот Горан Трпески деновив заврши со снимањето на новиот сингл „Не е касно“ и вестта ја сподели со Радио Г/Radio G. Во разговорот со него ги пренесуваме впечатоците од снимањето и создавањето на новата песна која според жанрот отстапува од она што го креира со групата „Фаворити“.
-Песната се роди од композицијата на Златко Бошкоски член на „Фаворити Бенд“ . Идејата беше да се направи демо снимка на песната и да се конкурира за Мак Фест 2020 Таа мелодија ја и слушна Драган Матески исто член на бендот и е познат по пишување на убави текстови. Драган има напишано многу текстови наменети за фестивалски изведби а некои имаат добиено и награди, појаснува Баче.
Набрзо песната е снимена во студиото на Лазар Цветковски во Тетово со аранжамн на Гоце Симоновски и беше пратена на конкурсот. Отаму, за жал е одбиена.
Но, по попуштањето на мерките заради пандемијата Горан Баче реши да ја „поддотера“ со Гоце и да ја впише како втор сингл и ги открива натамошните планови.
– Сметав, а и како музичар знам дека песната имаше исклчучителен квалитет. И официјално песната “Не е касно” стана моја во Август 2021 година. За неа е планирано да се направи и видеозапис во најскоро можно време. Особена чест и големо задоволство е што оваа песна за прв пат ке биде промовирана и јавно изведена на едно од најдобрите радиа во Гостивар и околината, Radio G. вели Горан Трпески Баче
Горан Трпески е роден во 1981 година. Уште од најмала возраст покажува голем интерес за музиката. Во нижото музичко училиште надоградува своето музичко знаење.
Кариерата ја започнува како член на локалниот рок состав „Сепсис” како главен вокал и клавијатури.
Настапувал и на повеќе „талент шоуа а по „Вашиот прв аплауз” чиј главен организатор беше Мате Грујовски и освоените награди, од 2001 година станува член на Бендот “Фаворити” од Гостивар. Со нив има снимено седум авторски песни, од кои на три Горан е кантавтор. Имаат настапи на фестивали:Роса Фест 2002, Лешочки фолк фест.
Посебен впечаток оставија песните: „Свадба се спрема“ и „Песна за Гостивар“ прва и единствена наменска песна за градот Гостивар.
Песната „Не е касно“ може да се слушне секој ден на Радио/Radio G на 106,4 во специјалната емисија „Ја Ја“ која оди во два термини: во 9:05 часот и 16:05 часот
Коментарите се затворени.