15 уметници на Ликовната колонија „Галичник“

Гостивар 15 август 2021 (УМНО.МК) Во селото Галичник, денеска почнува 32. издание на Ликовната колонија „Галичник која ќе трае до 22 август. На уметничкиот собир ќе учествуваат 15 уметници од земјава и од странство. Повеќето од нив ќе присуствуваат во живот, а поради обврски неколкумина ќе се приклучуваат онлајн. Во рамките на колонијата ќе се организира и отворена програма за комуникација со локалното население и едукација. Јавни презентации ќе има на 16 и 17 август од 20 часот, пред Упија и работилница за деца на 21 август, во 11 часот. (умно.мк)

Коментарите се затворени.