Конкурс за обука на слаткари, фризери и негувателки, рокот за пријавување е до утре
Гостивар, 17 август 2021 На Гостивар му недостигаат слаткари, фризери и негуватели на болни изнемоштени лица. Токму за овие професии ќе се организираат обуки преку Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија.
Во тек е конкурсот од проектот „Активација на ранливи групи на пазарот на трудот“. Тоа е една од активните мерки и програми за вработување.
Првиот човек на гостиварската агенција за вработување, Хисан Амзаи во деталите за конкурсот посочува дека е за лицата кои се евидентираните како невработени и се корисници на гарантирана минимална помош. По завршената обука добиваат можност да се вработат и во иднина да си обезбедат егзистенција. Тој потсетува дека рокот за пријавување е до утре (среда 18 август).
Заинтересираните можат да поднесат пријава во Центарот за вработување, од 09:00 до 14:00 часот.
На лицата кои ќе бидат избрани на конкурсот нема да им се укинат гарантираната минимална помош, право на парична помош од социјална заштита или паричен надоместок. За времетраење на обуката ќе добиваат дополнителна финансиска стимулација и надомест за трошоци за пат и храна.
Коментарите се затворени.