Приведен дилер во Гостивар, запленети 2,5 килограми дрога

Гостивар, 18 август 2021  Скопјанец кој времено живеел во Гостивар е осомничен дека продавал марихуана. Во неговото пребувалиште биле најдени околу 2,5 килограми дрога.Од СВР Тетово информираат дека,  денеска (18 август) околу 14.30 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода С.З.(41) од Скопје.

При претрес на станот во кој времено престојувал, му биле пронајдени и одземени околу два и пол килограми марихуана.Против четириесет и едногодишниот скопјанец во текот на утрешниот ден ќе биде изготвена соодветна пријава за “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”, согласно член 215 од Кривичниот законик, а со која ќе биде изведен пред судија во претодна постапка на Основниот суд Гостивар.

згм

Коментарите се затворени.