Кит Ричардс се прости од Чарли со емотивна фотографија на Фејсбук
Без зборови и со фотографија, Кит Ричрдс гитаристот на Ролинг Стоунс на фејсбук профилот се прости од тапанарот Чарли Вотс. На фотографијата со сет тапани на кои свиреше највозрасниот член на бендот има табла со натпис „затворено“. Дали ова е најава за крај на постоењето на „диносаурите на рок ен ролот“, одговорот ќе следи по одлуакта на преостанатите останатите членови на Ролинг Стоунс.
Вчера беше објавено дека на 80 годишна возраст почина тапанарот на The Rolling Stones Charlie Watts. Чарли беше дел од Стоунси дури 58 години, а бендот е основан само неколку месеци пред тој да им се придружи. Иако познат тивок и помалку забележителен, тој ја имаше главната улога во креирање на имиџот на бендот, сценографиите за концертите, омотите на албумите, изборот на песни за настапи.
За неговата улога Кит Ричардс еднаш кажал:
“Да не е Чарли Вотс, не би биле ни Ролинг Стоунс“…
Чарли, еден од најголемите тапанари во светската рок музика, неодамна бил подложен на итна операција и морал да се повлече од турнејата во САД. Неговите здравствени проблеми биле откриени при рутинска проверка на сите членови на бендот. Чарли се пошегувал на своја сметка за тоа.
„Барем еднаш мојот тајминг е малку лош“, рекол тој по операцијата.
Бендот закажал турнеја во САД, која што треба да започне следниот месец. „Камењата“ очекувале Чарли да се врати за да ја прослави 60 -годишнината од постоењето. Но, за жал, Чарли починал пред да може повторно да им се придружи на колегите, потврди во јавна објава неговиот лондонски публицист Бернард Доерти.
Коментарите се затворени.