Одбележани 19 години од загинувањето полициските резервисти Александар Николиќ и Даил Јанкоски
Гостивар, 26 август 2021 Со пригоден комеморативен собир во гостиварската населба Циглана беа одбележани деветнаесет години од загинувањето на полициските резервисти, Александар Николиќ и Даил Јанкоски од Гостивар.
Во спомен и слава на загинатите, колеги од ОВР Гостивар, роднини и пријатели положија цвеќе на местото на погибијата и запалија свеќи, а со минута молчење им оддадоа почит. Одбележувањето на годишнината беше заокружена со посета на нивните гробови.
Гостиварците Николиќ и Јанкоски, ги загубија животите додека беа должност на полициски пункт ноќта на 26 август во 2002 година. Тогашната истрага утврди дека кон нив пукале непознати лица со автоматско оружје од автомобил што се движел. Во настанот уште еден резервист беше ранет и го преживеа нападот.
По иницијатива на здруженијата на бранителите и полициски синдикат пред десет години на објектот што е непосредно до местото на трагичниот настан е поставина спомен-плоча.
згм
Коментарите се затворени.