Православните христијани го слават празникот Успение на Пресвета Богородица
Гостивар, 28 август 2021 Голема Богородица или Успение на Пресвета Богородица е еден од најголемите христијански празници. Овој празник е спомен за cмpттa на Богородица и Македонската Православна Црква OA и верниците го прославуваат на 28 август кога се завршува постот од 14 дена.
Народот верува дека Богородица е заштитничка на леунките и на жените им помага при породувањето. Исто така и жените што немаат деца веруваат дека со милоста на Пресвета Богородица ќе добијат рожба поради што ги посетуваат нејзините цркви, изведуваат некои обичаи, се молат и принесуваат дарови.
Именден празнуваат: Марија, Мара, Марена, Марица, Марјан, Маријана …
Низ Македонија во манастирите или црквите што го носат името на Пресвета Богородица на празникот се одржуваат народни собири. Така е во манастирот во Матка крај Скопје, црквата во центарот на Скопје, во Лешочкиот манастир, Берово, и на повеќе други места.
Црквата на градскиот плоштад во Гостивар е посвеeтна на Пресвета Богородица и овој ден православните христијани го започнуваат со молитва и литургија
Коментарите се затворени.