На денешен ден пред 44 години се одржа легендарниот концерт „Код Хајдучке чесме“
На денешен се одржа еден од најзначајните настани за рок ен ролот на балканските простори, концертот „Код Хајдучке чесме“ (Kod Hajdučke česme) на Бијело Дугме (Bijelo Dugme) најпопуларниот рок состав во Југославија.
На настанот, на 28 август 1977 година во белградскиот парк Топчидер во близина на Хајдучка чешма имало над сто илјади луѓе. Во тоа време, тоа е најголемиот рок концерт одржан на просторот на поранешна Југославија.
Медиумите, овој концертен спектакл, кој по своето значење, атмосфера и енергија, никогаш нема да биде повторен, го опишале како југословенски Вудсток (Woodstock).
На овој настан, како предгрупа ќе настапат и „Леб и Сол“, со тогаш новиот член, тапанарот Гарабет Тавитијан.
Коментарите се затворени.