Започна школската година, средношколците за две недели во клупа
Гостивар, 1 септември 2021 Наставата во сите основни училишта започна со физичко присуство, по една и пол година поради пандемијата.
Во моменталните жаришта низ земјава како што се Тетово и Гостивар, наставата почнува он-лајн и така ќе биде во следните две недели, додека во Кичево и Струга првата недела ќе се посетува он-лајн настава, а потоа се продолжува со физичко присуство. Ова го кажа заменик министерот за образовани наука Арафат Шабани на првиот училишен ден во ОУ „Исмаил Ќемали“ во Гостивар и напомена:
– Ослободени од физичка настава може да бидат ученици со хронични и ретки болести, деца од семејства со хронични болести, по барање од родителите како и други немедицински причини со претходна дозвола од училиштето. Се трудиме да ги обезбедиме потребните услови и заложба е на владата, доколку дојде до влошување на состојбата, образовните институции да се затворат последни, реше Шабани.
Училиштата беа затворени минатата година во март, на почетокот на кризата поради коронавирусот, и наставата продолжи онлајн. Минатата година само учениците од прво до трето одделение беа со физичко присуство, додека останатите посетуваа настава онлајн. Почетокот на учебната година, лани доцнеше еден месец.
Коментарите се затворени.