Се гради систем за отпадни води од Малеарди до Силика, тројца министри во увид

Гостивар, 2 август 2021 Делегација од тројца министери и пратеници од редовите на ДУИ денес присуствуваа на почетокот на градежните работи за изградба на фекалниот колектор и фекалната и атмосферската канализација за Урбан блок 21 во Гостивар. Министерот за животна средина и просторно плaнирање Насер Нуредини, Министерот за надворешни работи Бујар Османи и Министерот за економија Крешник Бектеши, при увидот се инфромираа за текот на работите и реализација на проект вреден 130 милиони денари.

Министерот Нуредини истакна дека со вакви капитални инвестиции се подигнува квалитетот на живеење на секој граѓанин, бидејќи како што нагласи, секој заслужува достоинствени услови за живот и благосостојба.

– Средствата, од околу 130 милиони денари, за конкретниот проект се обезбедени од буџетот на Министертството за животна средина и просторно планирање, и треба да опслужи 2.720 жители на Урбан блок 21 во градот Гостивар, рече министерот Нуредини. 

Овој инфстрауктурен проект во една од населбите на излезот од градот всшност е колектор за отпадни води со должина од 4,7 км, додека вкупната должина на канализационата мрежа за Урбан блок 21 изнесува околу 2.8 км. Истотака, со проектот е предвидена и изградба на атмосферска канализација со должина од 2,4 км.

Министерот Нуредини информираше дека покрај овој капитален проект, од буџетот на МЖСПП, во последните години се беа обезбедени и реализирани различни проекти, како што е: подготовка на техничка документација за изградба на канализациониот систем во село Равен (900.000 денари), изградба на фекална канализација во село Чајле (5.503.462 денари). За чистење на диви депонии (7.053.096 денари), подготовка на техничка документација за изградба на канализациониот систем во село Форино (500.000 денари). 

Од буџетот за 2021, се обезбедени 6.000.000 денари  за изградба на канализациски систем за населените места Чајле, Форино, Млаки и Зона 7 и се чека на документација од страна на општина Гостивар.

 Мнистерот Нуредини нагласи дека брзите мерки во Русино се веќе реализирани и ја најави втората фаза на проектот, за која се обезбедени дополнителни средства како грант во износ од 6,000,000,00 CHF од Владата на Швајцарија како и 17.370.614,00 евра заем од од ЕБОР (Европска банка за обнова и развој) за воспоставување на регионален систем за управување со отпад во сите општини на полошкиот регион.

згм

Коментарите се затворени.