Пукал во соселани кои се враќале од погреб, еден полесно повреден
Гостивар, 2 септември 2021 (МИА) Едно лице е полесно повредено во инцидент што вчера околу пладне се случил во гостиварското село Ѓурѓевиште. Помлад жител на ова село со пиштол пукал во група луѓе кои се враќале од погреб. Полицијата трага по него и засега не се знаат мотивите кои довеле до инцидентот.
Од СВР Тетово информираат дека вчера (2 септември во12 часот и 20 минути) било пријавен настан. Според причините податоци С.И.(23) од Ѓурѓевиште, од возило во движење пукал од пиштол повеќе пати кон луѓе кои се враќале од погреб. Полесна телесна повреда здобил Ф.М.(46) од истото село, на кој му е укажана помош во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“.
Екипа на ОВР Гостивар извршила увид, а на местото на настанот се пронајдени и подигнати за вештачење две чаури и еден проектил. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Неофицијално, на оружениот инцидент му претходеле нерасчистени односи помеѓу осомничениот за пукање и дел од луѓето кои биле во групата. С.И. по настанот побегнал и по него се трага.
згм
Коментарите се затворени.