Срцето во склад со бојата на оградата на кеј
Црвеното срце на обележјето на кејот на Вардар има нова боја. Општинските власти велат: новата, темно сива е во склад со бојата на бетонските столбови на оградата која наскоро ќе биде промовирана.
По барање на граѓаните и критиките дека кејот не е безбеден, особено кога коритото на Вардар е полно со вода, локалната самоуправа годинава реши да направи заштитна ограда.
Коментарите се затворени.