„Движење Беса“ го кандидира Сенад Амети за градоначаланик на Врапчиште
Гостивар, 6 септември 2021 На синоќешното основачко собрание на огранокот на политичката партија „Движење Беса“ за Врапчиште беше избрано новото раководство и кандидат за градоначалник.
Магистерот по правни науки Сенад Амети едногласно е избран и тој ќе биде на гласачкото ливче како кандидат од редовите на „Движењето Беса“.
За нов претседател на огранокот е избран Азиз Идризи. Листите со кандидати за членови на општинските совети, според најавите ќе бидат објавени на деновиве, откако партиско раководство ќе ги одобри предлозите на ограноците
Коментарите се затворени.