Исен Шабани кандидат за градоначалник на Врапчиште од редовите на Алијанса
Гостивар, 6 септември 2021 Актуелниот градоначалник на општина Врапчиште Исен Шабани ќе бара уште еден мандат на претстојните избори. Огранокот на политичката партија „Алијанса за албанците“ со кусо соопштение ја потврди информацијата. Во објавата се наведува дека изборот дошол по одржаното собрание на локалниот огранок.
„Почитувани сограѓани на Општина Врапчиште, денес официјално и едногласно, собранието на Алијансата за Албанците огранок Врапчиште го избра актуелниот градоначалник на Врапчиште г. Исен Шабани кандидат за градоначалник на Врапчиште на следните избори за следната победа“, стои во соопштението на огранокот на Алијансата за Албанците во Врапчиште.
Шабани изминативе четири години беше градоначалник на општината како кадар од редовите на „Алијанса за албанците.
За раководната функција во оваа полошка општина, кандидатури досега објавија Шаќир Исљами како незацисен и Неби Реџепи од ДУИ.
Коментарите се затворени.