Триесет возачи ја пречекориле дозволената брзина, 14 престигнувале на недозволено место
Гостивар, 7 септември 2021 Иако казните може да бидат високи, па и да биде одземена возачка дозвола, брзото возење сè уште е предизвик. Очигледно е дека триесетина возачи ќе треба да објаснуваат дополнително зошто толку ја притискале папучата за гас. Четиринаесет освен парична казна, ќе бидат во неизвесност дали ќе им биде одземена возачката дозвола, затоа што претекнувале на недозволено место.
Вчеравечер (6 септемри) од 20 до 24 часот, на подрачјето на СВР Тетово, спроведена е засилена акциска контрола за брзина. На неколку пунктови (автопат Гостивар Тетово и магистрала Гостивар-Кичево), биле конторлирано движењето и биле откриени и законски санкционирани вкупно 30 пречекорувања на максимално дозволената брзина надвор од населено место (ТЕ-11 и ГВ-19).
Едно од пречекорувањата кое било на гостиварско подрачје било за над 70 километри на час. Во десет од случаите (ТЕ-4 и ГВ-6) се возело од 50 до 70 километри на час. Во остантите 19 слуачи (ТЕ-7 и ГВ-12) за 30 до 50 километри на час.
На пункт во Гостивар на улицицата „101“ со користење на „ноќен радар“ откриени осум (8) пречекорувања на брзина во населено место, од кои наголемиот број биле за 30 до 50 километри.
Освен брзината, било контролирано и престигнувањето во сообраѓајот. Вчера (6 септември) во периодот од 5 до 20 часот, биле откриени и санкционирани 14 возачи кои непрописно престигнувале.
На сите прекршители изготвени им се поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените санкции.
Коментарите се затворени.