Рокот за поднесување кандидатури за изборите истекува утре на полноќ
Гостивар 10 септември 2021 Синоќа на полноќ заврши јавниот увид во Избирачкиот список. Утре на полноќ истекува рокот за поднесување кандидатури за изборите до Општинските изборни комисии.
Поради деновите на жалост по пожарот на Тетово во која загинаа 14 лица, политичките партии до недела ги одложија јавните активности поврзани со локалните закажани.
Партиите и независните кандидати кои сакаат да учествуваат на изборите мораат да ги запазат роковите предвидени од Државната изборна комисија (ДИК).
На 14 септември истекува рокот до кога ДИК треба Избирачкиот список да го достави до политичките партии. Доколку имаат барања за корекција, треба до 19 септември да ги достават до Комисијата. ДИК до 24 септември, треба да го заклучи Избирачкиот список, а најдоцна до 1 октомври да го потпише.
Коментарите се затворени.