Средношколците се враќаат во клупи, откако ќе реши комисијата за заразни болести
Гостивар, 13 септември 2021 Враќањето на средношколците во гостиварските училишта зависи од одговорот на Комисијата за заразни болести. Почетокот на наставата со физичко присуство за нив беше одложен за две недели, заради лошата епидемиолошка состојба во општина Гостивар. Од локалната самоуправа изразуваат оптимизам дека наскоро ќе има редовно одвивање на наставата, бидејќи бројките на новозаразени имаат надолен тренд.
Во секторот за образование на општина Гостивар оценуваат дека состојбата по последниот бран на пандемијата е подобрена и испратиле барање до Министерството за образование и наука и Комисијата за заразни болести за насоки околу организирањето на наставата.
– Чекаме информации од МОН и Комисијата за заразни болести со насоки дали во среда ќе почне наставата за средношколците или евентуално од наредниот понеделник. Со оглед на состојбата, сметам дека учениците треба да се вратат во училишните клупи, вели Аслијан Снопче одговорна во секторот за образование.
Коментарите се затворени.