Откриен шверц на 20 килограми марихуана, четири лица зад решетки
Гостивар, 14 февруари 2021 Во акција на полицијата, вчера на патот Маврови Анови – Дебар откриен и спречен е транспорт на 20 килограми марихуана. По акцијата лишени се од слобода 4 лица.
Од МВР информираат дека на 13.09.2021 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, ОВР Гостивар и ОВР Дебар имале координирана акција во која покрај дрогата вредност од околу 70.000 евра, запленети се три возила и поголема сума на пари.
Полициски службеници од ОВР Дебар кај Бошков мост се обиделе да сопрат патничко моторно возило „голф“ со скопски регистерски ознаки поради сомнение дека во возилото има дрога. Возачот не застанал и се дал во бегство, а по преземени мерки и активности во близина на Скудрински мост возилото е запрено по што е приведен А.И. (32) од с. Никуштак. Во возилото се пронајдени две големи торби со 20 пакувања марихуана.
Во координација со надлежен јавен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, на магистралниот пат Дебар-Гостивар сопрено е патничко моторно возило „рено лагуна“ со германски регистерски ознаки. Тоа возило имало улога на „чистач“ при транспортот, при што се лишени од слобода возачот Б.Џ. (45) од с.Арачиново и Б.А. (34) од с. Арачиново, кој се барал и со потерница за претходно сторено кривично дело. Денес (14.09.2021) во врска со овој случај, во Дебар е лишен од слобода и У.Н. (28) од с. Бањиште дебарско.
По акцијата, извршени се и претреси и притоа се пронајдени поголема сума на пари, мобилни телефони и сим картички. Против лицата ќе биде поднесена кривична пријава по чл. 215 став 3 од Кривичниот закон и ќе бидат изнесени пред надлежен судија.
Коментарите се затворени.