Двајца приведени, полицијата им нашла марихуна

Гостивар, 19 септември 2021 Две лица од Врапчиште завршиле во полициска станица, откако при контрола им била најдена дрога.

Од СВР Тетово информираат дека вчера околу 16 часот и 30 минути, во гостивaрското село Градец, ги лишиле од слобода С.Ш.(25) и В.И.(30)  од гостиварско Врапчиште. При нивен и преглед на нивното патничко моторно возило “мерцедес” со гостиварски регистaрски ознаки пронајдена е марихуана.

Нешто подоцна, со судска наредба, од 18 часот и 40 минути до 21 часот, извршен е претрес во домoт и помошни простории на С.Ш., при што пронајденa, исто така, е марихуана.

Двајцата се задржани во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци

Коментарите се затворени.