Три невакцинирани во локал, газдата уапсен
Гостивар, 19 септември 2021 (МИА) Сопственик на угостителски објект во Гостивар е лишен од слобода, а локалот добил „пломба“. Во контрола, биле затекната три лица без сертификат за вакцинација.
Според информациите на СВР Тетово, вчеравечер во 21 часот и 35 минути, полициски службеници на одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода С.Е.(49) од гостиварско Чајле. Во неговиот угостителски објект на улица „Живко Брајковски“ во Гостивар биле затекнати 3 гости без сертификат за вакцинација.
Објектот во кој била извршена контролата од синоќа, времено е затворен од Државниот пазарен инспекторат.
Сопственикот С.Е. ќе се соочи со пријава која се однесува на „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, согласно член 206 од Кривичниот законик.
Коментарите се затворени.