Делегација на сојузот на турски општини во посета на Гостивар
Гостивар 26 септември 2021 Делегација на Сојузот на турски општини во светот го посети Гостивар и одржа и одржа седница на управниот одбор.
Гостиварскиот градоначалник беше домаќин на гостите меѓу кои беа: првиот човек на сојузот Угур Ибрахим Алтај и градоначалник на Коња, Фахри Солак – генерален секретар на унијата, Мустафа Дундар – градоначалник на општина Османгази (Бурса), Омер Арисој – градоначалник на Зејтинбурн, Мехмет Јасин Озлу – градоначалник на општина Башискеле (Кочаели),
– На средбата разговаравме за досегашната соработка на Општина Гостивар со Унијата на турски општини во светот и како таа ќе продолжи во иднина. Нивната посета е своевидна поддршка за нашата работа и делување, рече Таравари
Гостите заблагодарувајќи на топлиот прием ги потврдија добрите релации и соработка во изминатите четири години.
– Преку Сојузот на турски општини во светот остваруваме соработка, помагаме во реализација на значајни проекти на Балканот и збратимување на општини од Турција и Македонија, нагласи Угур Ибрахим Алтај.
Од соработката и членството во сојузот гостиварската општина има добиено шест комплети со настрешници и пикник клупи со настрешница и едно специјалално возило за комунални потреби.
Гостите беа во посета на приватниот универзитет „Визион“ каде се одржа редовната седница на Управниот одбор на сојузот во која Општина Гостивар со пет годишен мандат е претставник на балканските општини. Посетата заврши со посета на неколку локации низ градот.
Коментарите се затворени.