Шест кандидати за градоначалник на Врапчиште се обврзаа за фер избори и кампања без инциденти

Гостивар, 26 септември 2021 (МИА) Шестмина, од вкупно седум пријавени кандидати за градоначалници на општина Врапчиште ставија потписи на Кодексот за фер и демократски избори.

Со чинот на потпишување, според Бесник Амети претседател на ОИК Врапчиште политичките партии се обврзуваат на демократски изборен процес во кој ќе се почитуваат основните човекови права и слободи и во склад со принципите на демократијата. Потпишаниот документ треба да биде гарант за спроведување на кампања и избори без инциденти и нерегуларности, подвлече Амети на потпишувањето кое беше организирано во седиштето локалната самоуправа.

Во салата на општинскиот совет, дојдоа и ставија потпис кандидатот на ДУИ Неби Реџепи, на Алијанса за албанците и алтернатива Исен Шабани, Демократската партија на турците на Македонија ДПТМ Рефик Мустафи, Демократската партија на албанците (ДПА) Ирфан Шерифи, коалиција „Најдоброто за мојата општина“ Џезми Мамути, Движење Беса Сенат Амети. Во закажаниот термеин единствено отсуствуваше независниот кандидат Шаќир Исљами.

згм

Коментарите се затворени.