Започна ловната сезона, полицијата најавува казни за криволов
Гостивар, 2 октомври 2021 Според најавите и традицијата, од вчера 1 октомври на поширокото полошко подрачје официјално е отворена новата ловна сезона. Денес е прв ден од викендот, што за љубителите на ловот ќе значи и излегување во природа ловечки активности.
Од СВР Тетово по овој повод посочуваат на доследно почитување на законските обврски и дека ќе ги контролираат обврските кои произлегуваат од Законот за лов.
За да се превенираат и навреме пресретнат незаконските постапки на поединци и на ловџиите од СВР Тетово упатуваат апел за доследно почитување Законот за лов.
– Санкциите за непочитување на одредбите од Законот за лов се ригорозни и без исклучоци ќе се применуваат кон сите подеднакво, без разлика дали станува збор за ловџии-почетници или за искусни ловџии, потенцира портпаролот на Марјан Јосифоски.
Јосифоски потсетува дека незаконит лов претставува кривично дело, за кое се предвидени парични и казни затвор од една до три, односно пет години, зависно од тоа – кога, каде и каква дивеч е отстрелана (член 228 од Кривичниот законик).
Во сезоната лов, ловџиите треба да се докрај внимателни при ракувањето со оружјето што го поседуваат и носат со себе на лов за да не ја доведат во опасност сопствената и безбедноста на другите. Особено важно е да не го даваат оружјето на други лица, пред сè на лица кои немаат дозвола за оружје и кои не се членови на ловечко друштво.
Со започнувањето на ловната сезона, полицијата во соработка со другите служби, значително ќе ги засили контролите низ ловиштата на подрачјето и ќе презема соодветни мерки и активности за спречување и санкционирање на незаконскиот лов.
Коментарите се затворени.