Две лица лишени од слобода две лица, полицијата им нашла хероин и метадон

Гостивар, 5 октомври 2021 (МИА)  Двајца гостиварци се лишени од слобода, откако при претрес во домот на едниот биле најдени херион и метадон.

Според информацијата од СВР Тетово, денес (05.10.2021) околу 11.35 часот во Гостивар, полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода гостиварците К.С.(51) и Х.А.(54).

При претрес во станот на К.С. на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар, извршен со судска наредба биле пронајдени и одземени хероин, неколку пластични шишиња со метадон,дигитална вага и предмети со остатоци од дрога. При претресот во станот бил затекнат и Х.А.

Двајцата се задржани во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.

згм

Коментарите се затворени.