Конечно ќе се игра кошарка во Гостивар, публиката според протокол
Гостивар, 7 октомври 2021 Конечно,прволигашка кошарка за гостиварската публика. КК Гостивар во сабота ќе биде домаќин во дуелот со КК Куманово.
Раководството на клубот пред првиот натпревар сезонава на домашен паркет, се обрати до публиката со потсетување за Протоколот за организирање спортски настани со упатства и доследно почитување на препораките за запазување на здравствената безбедност на играчите и присутните на натпреварите.
За начиниот на кој ќе организира и следи овој натпревар попрецизно е објаснето во соопштението на управата на КК Гостивар:
„Почитувана публико,
После година и пол се отвораат вратите за тледачите во Спортската сала Младост во Гчстивар. Пред првиот домашен натпревар во сезоната 2021/2022, кој ќе се оддигра во сабота (09.10.2021) од 18 часот против екипата на Куманово. Должни сме да ве потсетиме на правилата и протоколите одредени од Институтот за јавно здравје според кои се ортанизираат спортските настани во земјава.
-дозволено е присуство на 30% гледачи. од капацитетот на Спортската сала Младост;
-во продажба се пуштени 400 влезници. цената на влезниците е 100денари:
-Влезниците во претпродажба можеда се набават во В&В Тобассо (300 влезници) и на благајна пред почетокот на натпреварот (100 влезници);
-На самио твлез покрај влезница ќе мора да се покаже и Сертификат/Потврда за извршена имунизација (вакцина) од вирусот ЅАRS-СоV-2 односно примена најмалку прва доза вакцина против СOVID-19 (за лица над 18-годишна возраст) или Сертификат/Потврда за прележан COVID-19 во последни 45 дена, сметајќи од денот на оздравување (за лица над 18-годишна возраст)
-Без соодветен Сертификат/Потврда нема да може да влезете во салата дури и ако имате билет.
Се работи за здравјето на сите нас, со тоа ве замолуваме за разбирање и почитување на наведените протоколи”, стои во соопштението на КК Гостивар.
Коментарите се затворени.