Фестивал Отело: Гостиварскиот театар со најдобра режија, „Луди за љубов“ најдобра претстава
Гостивар, 8 октомври 2021 Со доделувањето на наградите на пригодната церемонија, синоќа во Гостивар заврши петтото издание на Меѓународниот театарски фестивал „Отело“.
Жирито на фестивалот, признанието за најдобра претстава го додели на Народниот театар-Битола за „Луди за љубов“. За најдобра актер е прогласен Фисник Зеќири за улогата во „Задоволствата на брачниот грев“ на Албански театар-Скопје, а за најдобра актерка Луиза Џувани за остварувањето во претставата „Умре од смеење“ на театарот од Корча. Наградата за најдобар режисер ја понесе Ќендрим Ријани за претставата „11 разбеснети“ на Гостиварски театар.
Годинава во големата сала Центарот за култура АСНОМ од 2 октомври во шест последователни вечери беа изведени претставите на театарските ансамбли: Народниот театар Битола, Албанскиот театар – Скопје, Државниот театар од Истанбул, театарот „Андон Жаку Чајупи од Корча (Албанија) и театарот „Авдуш Хасани“ од Подујево (Косово) и на Гостиварски театар.
Годинешното, петто издание на фестивалот се одвиваше според пропишаните ковид-протоколи, а во публиката беа само лица кои имаат сертификат за вакцина.
згм
Коментарите се затворени.