АРБЕН СЕЈФУЛАИ (1969-2021)
Со голема болка и жалост ви соопштуваме дека почина Арбен Сејфулаи-Бени, сопственик и основач на локалната радио станица PRO FM Radio. Тој еден од пионерите на ерата со приватни медиуми. Кариерата ја започна во 90-тите години во тогаш многу популарното ARS radio. По нејзиното згаснување, Бени како заљубеник во радиото ja оснива новата радио станица под името PRO FM Radio.
Со своето неуморно работење и страста кон радиото по речиси три децении прерасна во бард на радиското новинарство во Гостивар и омилен меѓу колегите. Познат е по многу успешни радијски иницијативи и како автор на музички емисии. Бени почина на 52 години. Беше татко и сопруг. Вечна му слава!
Во гостиварскиот етер, по неговата смрт ќе остане голема празнина.
Коментарите се затворени.