Забрана за движење на камиони по долината на Радика
Гостивар, 14 октомври 2021 Со првиот снег дојдоа и ограничувањата. Поради врнежи од снег на патниот правец крак Маврово – Дебар, од 9:45 часот е воведена забрана за сообраќај за тешки товарни возила.
Поголеми внимение е потребно по патниот правец Маврово – Дебар – Струга каде има појава на одрони. Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата.
Коментарите се затворени.