Гласање ќе има и по 19 часот
Гостивар, 17 октомври 2021 Граѓаните кои се нашле на избирачките места и во дворовите на објектите ќе може да гласаат и по 19 часот. Оваа одлука ја соопшти првиот човек на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски. Во образложението тој наведе дека продолжувањето на времето за гласање е условено со времетрањето на проверката на граѓаните преку уредите за биометриска идентификација. Според Даштевски голем дел од случаите апаратот не може да ги идентификува граѓаните од прв обид, а постапката се повторува. Ваква појава е евидентирана на повеќе места низ земјава.
Од ДИК е испратен допис до општинските изборни комисии со известување во кој се наведува дека избирачките одбори треба да им овозможат на граѓаните да гласаат и по 19 часот, доколку е потребно.
Коментарите се затворени.