Алијанса и Таравари објавија победа во прв круг

Гостивар, 17 октомври 2021 (МИА) Кандидатот на коалицијата Алијанса за албанците-Алтернатива, Арбен Таравари вечерва од партискиот штаб објави победа во првиот круг со освоени над 16 илјади гласови. Од спротивниот табор во штабот на огранокот на ДУИ, кажаа дека ја прифаќаат волјата на народот и дека ќе чекаат на конечниот резултат.

Непосредно по пребројувањето на гласовите во аналитичкиот центар на во штабот на Таравари, тој даде изјава во која нагласи дека добил поддршка на над 55 проценти од гласачите.

            – Победуваме со над 16 илјади гласови односно повеќе од 55 проценти освоени гласови од вкупно 31 илајди. Им честитам на гостиварци што го направија овој избор. Добивме уште еден мандат и покрај тоа што моќниот државен апарат изминативе денови и денес беа во Гостивар. Народот е секогаш посилен од оние кои сакаат присилно да направат резултат, резултат што народот не го посакува. Се надевам дека ДУИ нема повторно да направат некој изборен криминал во Општинската изборна комисија, рече Таравари.

Приврзаниците на Таравари започнаа да слават по гостиварските улици и направија еден круг низ јадрото на градот со скандирање и музика.

            Башким Хасани претседател на огранокот на ДУИ излезе со куса изјава во која им се заблагодари на активистите и сопартијците и на граѓаните кои денес го дале гласот за нивниот кандидат и листата за советници.

згм

Коментарите се затворени.