На повидок е втор круг во Гостивар
Гостивар, 18 октомври 2021 По анализа на првичните резултати кои се објавени на веб страницата на ДИК, во општина Гостивар ќе има втор круг. Водечкиот кандидат со 15.724 гласа не успеа да оствари победа во првиот круг за нецели 0,3 проценти. Од вкупно излезените на гласање за него гласале 49,7%. Второрангираниот кандидат, Невзат Бејта со 13.190 (41,69%). На локалните избори за градоначалник на општина Гостивар од вкупниот број на избирачи (31 638), регистрирани како неважечки се 1.368 ливчиња.
Доколку овие резултати бидат и официјано признати, по се’ изгледа ќе има втор круг во кој Бејта и Таравари ќе ја бараат довербата на граѓаните за трет, односно втор мандат.
Коментарите се затворени.