Жител на Градец славел со пукање од пиштол пред изборен штаб
Гостивар, 19 октомври 2021 Жител на селото Градец-гостиварско бил повикан на разговор во полициска станица откако бил пријавен дека пукал од пиштол пред штаб на политичка партија во селото Неготино-Полошко.
Од СВР Тетово информираат дека, вчеравечер (18 октомври) околу 21 часот и 30 минути во Полициска станица Гостивар повикан е Е.Ј.(44) од гостиварски Градец. Тој претходно бил пријавен дека вечерта на 17 октомври околу 21 часот со огнено оружје пукал на прослава пред штаб на политичка партија во Неготино-Полошко. Увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар. На посоченото место пронајдени и подигнати за вештачење се две празни чаури, а од Е.Ј. одземен е, исто така, за вештачење и пиштол што го поседувал со дозвола.
згм
Коментарите се затворени.