Беса и Алијанса-Алтернатива заедно против ДУИ во вториот круг

Гостивар, 25 октомври 2021 МИА Потпретседателот на Алијансата на Албанците, Арбен Таравари на прес-конференција ја најави поддршката за кандидатите за градоначалници на политичката партија „Движење Беса“ во вториот круг и ја поздрави нивната одлука да дадат поддршка на кандидатите на Алијанса-Алтернатива.

-Веднаш по објавувањето на резултатите, ние како коалиција го искажавме нашиот став дека треба да се поддржат сите кандидати на албанската опозиција што се борат против ДУИ, рече Таравари.

Тој го поздрави повикот на Движењето Беса за поддршка на кандидатите на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива и го повтори, како што рече, конзистентен став со кој нивните членови и симпатизери и сите други гласачи да ги поддржат кандидатите на Движењето Беса во општините каде што се соочуваат со ДУИ.

-Ние и натаму тврдиме дека ДУИ треба да падне од секоја власт. Се надеваме дека Движењето Беса навистина има за цел да се одвои од злото, но потсетуваме дека тоа се прави само доколку ДУИ биде ЦЕЛОСНО отстранета од власта и создадеме ново парламентарно мнозинство, нагласи Таравари.

згм

Коментарите се затворени.