Расветлeно разбојништво, уапсени двајца по третиот се трага

Гостивар, 27 октомври 2021 Гостиварската полиција го расветли разбојништвото кое беше пријавено пред два дена и приведе две лица, а по едно трага.

Од СВР Тетово информираат дека вчера (26 октомври) во периодот од 14 до 16 часот во гостиварско Чегране, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода М.Х.(34) од тетовски Пирок и Ф.А.(18) од Чегране.

Двајцата се сомничат дека со уште едно лице по кое се трага на ден пред тоа, (25 октомври) на улица „Боге Велјановски“ во Гостивар физички нападнале малолетник од Гостивар, по што му одзеле мобилен телефон и пари.

Осомничените се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. Доколку наводите пријавата бидат потврдени, на разбојниците ќе им биде определена зашттина мерка од надлежниот суд.

згм

Коментарите се затворени.