Вториот круг започна со гласање во две гостиварски општини
Гостивар, 31 октомври 2021 – Вториот круг од седмите локални избори во две гостиварски општини започна на сите избирачки места.
Во општина Гостивар, денес се изјаснуваат 81.083 избирачи на 121 избирачко место. Во текот на вчерашниот ден гласаа три лица кои се во домашен притвор и 123 немоќни и болни, информираа од ОИК Гостивар.
Во општина Врапчиште на 39 избирачки места, правото на глас денес можат да го искористат 26.383 граѓани. Вчера гласаа 44 лица кои претходно се пријавија во ОИК, информираше претседателот на комисијата Бесник Амети.
Денес нема гласање за градоначалник во Маврово-Ростуше бидејќи не беше исполнет законскиот цензус на гласање во првиот круг од изборите да излезат најмалку една третина од запишаните гласачи во Избирачкиот список. Членови на советот се избрани бидејќи за нив не е потребен цензус, а нови избори за градоначалник ќе се организраат откако ДИК ќе ја извести Владата.
Коментарите се затворени.