Малолетник повреден со остар предмет, приведено едно лице

Гостивар, 5 ноември 2021 Малолетник од селото Добридол е префрлен на лекување во скопска клиника откако бил повреден со остар предмет. Полицијата привела едно малолетно лице под сомнение дека тоа ги наненло повредите.

Од СВР Тетово информираат дека, ноќеска (5 ноември), четириесетина минути по полноќ, полициски службеници во присуство на негов родител, лишиле од слобода малолетник од гостиварски Добридол. Приведеното лице се сомничи дека со остар предмет повредил друг малолетник од истото село.

Тој е задржан во Полициската станица Гостивар. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

згм

Коментарите се затворени.