Таравари започна нов мандат, формиран новиот Совет на општина Гостивар
Гостивар, 8 ноември 2021 Со врачувањето на уверенијата на избраниот градоначалник, членовите на советот на општина Гостивар и одржувањето на конститутивната седница, денес е означен почетокот со работата на новата локалната самоуправа.
На пригодна церемонија, Општинската изборна комисија на Гостивар претпладнево ги врачи уверението за нов четиригодишен мандат на Арбен Таравари за градоначалник и уверенијата на членовите на општинскиот Совет според остварените резултатите од Локалните избори 2021.
По преземањето на уверенијата беше организирана и конститутивната седница. Со неа раководеше највозарсниот Дашмир Арифи и спопред дневниот ред беа верификувани мандатите на присутните 29 членови од вкупно 31 член, кои ги потпишаа свечените изјави. По верификацијата на мандатите, беа формирани и две комисии во состав на советот.
Според претходно постигнатиот договор мнозинство во советот имаат коалицијата Алијанса за албанците-Алтернатива (10), ВМРО-ДПМНЕ (4), Демократска партија на турците во Македонија (3), Демократски сили на ромите (1) и Беса (1), кои ќе даваат поддршка на градоначалникот. Опозициски ќе делуваат ДУИ со 9 и СДСМ со три советници.
Според дискусиите и најавата, претседателот на советот и членовите на останатите комисии ќе бидат избрани на првата наредна седница.
Членови на новиот состав на советот се:
- Ваљбон Лимани
- Беса Муареми
- Аљуш Алији
- Сеаре Џафери
- Агим Зибери
- Мизаќете Јашари
- Телат Фетаи
- Зулфи Адеми
- Сара Ислами
- Намик Дурмиши
- Африм Аручи
- Себаете Зенку
- Халим Зеќири
- Вјолца Бафтију-Зулбеари
- Лек Далипи
- Теута Минахи
- Гајур Сејдини
- Алтина Асани
- Азис Даути
- Гоце Димовски
- Зоран Наумоски
- Анета Ќироска
- Александар Нанковски
- Станиша Матески
- Ема Нешковска
- Рената Дуцеска
- Ерсин Ќерала
- Раиф Раифи
- Ганимет Мељами
- Дашмир Арифи
- Фирдауз Ајдари
Коментарите се затворени.